Не е никаква тајна дека групацијата Volskwagen откако го презеде производителот на мотори Ducati во 2012 година има проблем со воспоставување на синергија меѓу двата бренда

По дизелгејт аферата во 2015 година, VW јавно објави продажба на Ducati, но една година подоцна, извршниот директор на Audi Руперт Штадлер изјави дека Ducati не е за продажба.

Сепак, односите меѓу двете компании не се подобрија, така што во групата VW продолжија да размислуваат за продажба на италијанскиот бренд.

Сега некои медиуми тврдат дека директорот на VW групата, Херберт Дис, размислува за спојување на Ducati со еден од неговите ривали или некој вид на алијанса.

Причината е повторно недостаток на синергија со другите бизниси на германската компанија.

„Можам да замислам комбинација или партнерство со други марки. Ducati како икона во светот на мотоциклите не е доволно за групата VW“, изјави Дис во месец април.

Сепак, VW продолжува да работи на долгорочно решение за овој голем внатрешен проблем.

VW сакаше да го продаде Ducati минатата година, како дел од прегледот на имотната состојба со што ќе се зголемеа резервите на групата за околу 1,5 милијарди евра. Иако овој план не успеа, VW не се откажува од промена на статусот на компанијата од Болоња.