Одредени делови од моторот и издувниот систем на автомобилот може да станат доволно топли за да предизвикаат пожар под возилото

Тревниците кои често служат како паркинг простор во близина на плажа или на концерти и други масивни отворени собири може да се претворат во опасни замки во текот на топлите денови, предупредуваат специјалисти за безбедност.

Во тест спроведен од страна на германската организација Dekra, врел катализатор предизвикал пожар за само неколку секунди и наскоро се проширил на целиот автомобил.

Проблемот може да се појави кога сте паркирани на суви ливади, но покрај патот, кога има висока трева, во комбинација со високи температури на воздухот.

Малото растојание помеѓу долниот дел на возилото и земјата или нерамна подлога го зголемуваат ризикот од пожар. Затоа се препорачува возачите да избегнуваат паркирање во висока и ниска трева за време на летото.