Volkswagen доставил апликација за заштита на имињата на своите класични модели, но со префиксот „e“, што укажува на нивно заживување, но со употреба на електричен погон

На крајот од јуни, VW аплицираше за регистрација на името e-Samba, а тогаш се шпекулираше дека истото може да се користи за продукциска верзија на концептот ID Buzz, но тој автомобил сепак ќе ја задржи ознаката ID. Во следните недели, Volkswagen ги регистрираше и имињата е-Beetle, е-Golf Classic, е-Kubel и е-Karmann.

Името e-Kubel веројатно се однесува на Kubelwagen, лесно воено возило од Втората светска војна за кое извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис изјави дека во 2017 година сакал да го оживее како електричен модел.

Неофицијалните информации велат дека „oживеаните“ класици нема да ги произведува директно Volkswagen, но дека овие проекти ќе ги преземе компанијата eClassic, која е специјализирана за претворање на постарите модели во модерни електрични автомобили.

Volkswagen ја подржува компанијата еClassic, кој веќе произведува електрична верзија на класичните „Буба“ и е-Bulli.