На компанијата и се потребни еколошки квоти за да ги исполни кинеските еколошки стандарди

Компанијата FAW-Volkswagen, која произведува автомобили од германската марка за Кина, сака да купи „зелени кредити“ од својот голем конкурент Tesla, пренесува Reuters повикувајќи се на свои извори запознаени со ситуацијата.

Зделката е доказ за амбициите на Volkswagen да стане лидер на пазарот на електрични автомобили. Во Кина, сепак, Германците во моментов нудат претежно автомобили со мотори со внатрешно согорување и не можат да го искористат системот „зелен кредит“ кој ги стимулира автомобилските компании да произведуваат повеќе електрични автомобили.

Ова е причината зошто многу компании купуваат еколошки квоти дури и од нивните главни конкуренти, како што е случајот со Volkswagen и Tesla. Американскиот производител заработува значителни суми од продажбата на своите квоти, не само во Кина, туку и во целиот свет. Приходите на Tesla од вакви зделки само за 2019 и 2020 година се проценуваат на повеќе од 3 милијарди долари.

Сè уште не е објавено колку „зелени кредити“ Volkswagen сака да купи. Компанијата планира да започне со производство на 5 свои електрични автомобили во Кина до крајот на годината.