Volkswagen ќе гради фабрика во Србија?!
Германскиот гигант отвора фабрика во Србија. Инвестициjaта е вредна 1,4 милијарди евра, пишува српскиот весник Вечерње новости
Како што дознава изданието, германскиот автомобилски гигант Volkswagen одлучил да изгради нова фабрика во Србија. Најголемиот светски производител на автомобили се одлучил за Србија во конкуренција на Бугарија, Романија, Турција и Македонија. Според информациите на весникот, првите автомобили од српскиот Volkswagen може да се очекуваат во 2023 година.
Воопшто не е тајна дека Германците планираа да отворат нов објект во овој дел од Европа. Тие постојано јавно го зборуваа, но дилемата беше во која земја. Романија и Бугарија се членки на Европската унија, па се очекуваше дека токму во една од овие две земји ќе влезат нови инвестиции. Зад нив најголеми шанси имаше Турција, која има голем пазар со 80 милиони жители. Сепак, ако се покаже точна информацијата, Германците решиле тоа да биде Србија
Новата фабрика на Volkswagen, наводно лоцирана некаде во Шумадија, треба да има капацитет од 300.000 возила годишно што треба да придонесе зголемен извоз на Србија за 4,5 милијарди евра. Во Србија, треба да бидат произведувани пет модели на германската алијаса.
Според некои претходни најави од Volkswagen, но и од Бугарија, инвестицијата вреди околу 1,4 милијарди евра. Се планира фабриката да има 5.000 вработени, од кои дури 650 инженери. Она што е исто така многу важен фактор за изградба на оваа фабрика е фактот што Србија има 10 проценти од светските залихи на литиум, кој се користи за батериите за електричните автомобили, што секако, ако се покаже точно, имплицира дека во фабриката би се произведувале и електрични автомобили
Она што останува во моментов е официјална потврда и од страна на Германците.