Додека многумина со нетрпение ја очекуваат премиерата на осмата генерација на Volkswagen Golf, се појавија првите официјални скици на популарниот компакт

Од скиците кои се претставени на годишниот состанок на акционерите на Volkswagen, покрај тоа како ќе изгледа Golf 8, го имаме и првиот јасен поглед на внатрешноста, која доживеала значителна еволуција во дизајнот.

Особено се истакнуваат двата екрани од најновата генерација, а иако не е масививен како 15-инчниот кај Touareg, централниот мултимедијален дисплеј сеуште е доста голем. Се наоѓа буквално во продолжение на целосно дигитализираниот контролен дисплеј, а VW значително го намалил бројот на физички копчиња, така што повеќето од функциите се интегрирани во екранот на допир.

Централната конзола има многу простор за оставање на разни ситници, а над и под малиот менувач се наоѓаат неколку традиционални копчиња, како на пример електронската паркирна сопирачка.

На воланот, традиционално од двете страни на логото на VW се наоѓаат копчиња, но не е јасно дали се тие физички или се чувствителни на допир.

Многу интересен детал се наоѓа на левата страна на контролниот панел, кој делува како уште еден екран на допир.

Volkswagen ќе го претстави Golf 8 во октомври, а продажбата на верзиите со бензински, дизел, гас и хибриден погон ќе започне во почетокот на 2020 година.

Претходно, на саемот во Франкфурт ќе дебитира првиот модел од семејството I.D, електричниот хечбек познат под името ID.3. Токму поради овој модел во историја ќе замине електричниот е-Golf. Иднината на караванот и верзијата Alltrack се уште е неизвесна, додека GTI и R спортските варијанти сигурно ќе дојдат нешто подоцна.