Со премиерата на ID.3 во Франкфурт започнува ново историско поглавје од историјата на Volkswagen

Своевремено, германскиот бренд направи револуција во автомобилската индустрија со лансирањето на легендарната „Буба“ во 1938 година. Сега, компанијата има намера да ја повтори историјата со ID.3, нејзиниот прв голем електричен автомобил, кој се претпоставува дека е духовен и идеолошки наследник на „бубачката“, што значи дека има за задача да ја започне новата ера на „еколошка подобна мобилност“.

Моделот ID.3, првиот од многуте планирани модели заснован на платформата MEB, доаѓа во форма на традиционален хеџбек со пет врати и автономија до 550 километри, во зависност од капацитетот на батеријата.

Производството на овој модел со нулта емисија ќе започне во ноември годинава, а Volkswagen гордo објави дека веќе има примено повеќе од 30.000 пред нарачки.

Бидејќи се потпира на специјална електрична архитектура, тајната на ID.3 лежи во пакувањето. Поточно, високонапонската рамна батерија е сместена под подот за заштеда на простор, додека помошните единици како што се AC компресорот и системот за управување се интегрирани во предниот дел. Батеријата формира компактна единица заедно со електричниот мотор поставен на задната оска и едностепената трансмисија. Овој интелигентно креиран пакет обезбедува челен коефициент на отпор од само 0,267, со минимална маса од 1,719 килограми.

Што се однесува до батеријата, веднаш штом ќе започне производството на ID.3, клиентите ќе можат да избираат помеѓу три достапни опции. Основниот модел користи батерија од 45 kWh (автономнија од 330 километри според WLTP), среднопозиционираниот модел има батерија од 58 kWh (автономија од 420 километри според WLTP), додека горниот модел може да се пофали со батерија од 77 kWh (автономија од 550 километри според WLTP). Систем за брзо полнење од 100 kW треба да обезбеди доволно енергија за да се поминат 290 километри со само 30 минути на полнач.

Во однос на перформансите, Volkswagen ветува „рапидно забрзување“ благодарение на електричниот мотор на задната оска кој испорачува 150 КС и 310 Nm максимален вртежен момент. Точното време што е потребно за да се достигнат 100 km/h не е официјално познато, додека максималната брзина е ограничена на 160 km/h.

Веднаш по лансирањето, Volkswagen ќе го испорачува само ID.3 1st edition, кој во основна форма доаќа со убава опрема, која вклучува сателитска навигација, греење на предни седишта и воланот, тркала од 18 инчи и така натаму. VW вели дека овој пакет е споредлив со нивото на опрема Comfort за европскиот пазар.

Поскапиот модел Plus додава и паркинг камера, прилагодлива контрола на крстарење, влез и стартување без клуч, посовремен тапацир, затемнети прозорци, матрични LED предни светла и фелни од 19-инчи. Потоа доаѓа предводникот ID.3 1st Max со head-up, Beats – врвен аудио систем на Beats, панорамски покрив и фелни од 20 инчи.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Volkswagen ветува дека ќе ја задржи цената на влезниот модел под 30.000 евра, но за Германија.

Loading...