Премиерата во Франкфурт дава увид во дизајнот на идните M3 и М4 модели

Иако општите пропорции се одлични, со типично моќен став на моделот на баварската марка, „таканаречените „бубрези“ на челото од моделот, се нешто што многумина ќе изненади, а за некој веројатно ќе бидат и „вулгарни“. Во BMW велат дека моделот е инспириран од икони како што се 338 и 3.0 CSi, иако можеби многумина и нема да се сложат со тоа. Предната решетка навистина нагласена, а дали како таква одговара на целокупниот стил на автомобилот, проценете сами. Сепак, ова е само концепт, така да сосема е можно BMW со концептот да сака да го испита јавното мислење и расположението на потенцијалните клиенти. 

„Бубрезите отсекогаш биле заштитен знак на BMW“, вели Домагој Дукец, шефот на дизајн во BMW. „BMW Concept 4 ги носи самоуверено и со толку висок квалитет како и секое возило досега. BMW Concept 4 нуди експресивен израз на новата Серија 4, допослнува Дукец.

Од друга страна, ласерските фарови се вистинско уметничко дело. Елегантните куќишта немаат стакло однапред, но ги краси тродимензионална структура со откриени внатрешни елементи. Веднаш под светлата, BMW вкомпонирал масивни отвори за воздух, кои треба да го обезбедат потребното ладење за моторот и сопирачките. Екстериерот е во сјајна „забрането црвена“ боја, што дополнително ги потенцира драматичните контури на каросеријата.

„BMW Concept 4 ја отелотворува естетската суштина на брендот BMW: комбинира совршени пропорции со јасен, прецизен дизајн“, вели Адријан ван Хојдонк, главен дизајнер на групацијата BMW.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1D3ixN1H2_Wq8FhVBMXpBP84cxjIJXhj9″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Што се однесува до техничките детали, тие сè уште не се познати.