Два Volkswagen I.D. Neo камуфлирани прототипи, во форма блиска на сериска верзија, се фотографирани во Јужна Африка

Трите достапни фотографии покажуваат два прототипа на електричниот хеџбек и возило за поддршка T6 Multivan. Без разлика дали е случајно или не, но Volkswagen, исто така, работи на товарен, панел и патнички ван, базиран на архитектурата MEB (Modularer Elektrobaukasten).

Во развој од 2015 година, платформата MEB конечно ќе влезе во сериско производство на крајот од 2019 година со моделот I.D. Neo. Станува збор за заден погон и различни опции за батерии, што во превод значи 550 километри автономија. Во случајот на I.D. Buzz Cargo концептот, автономијата е преку 550 километри според WLTP, благодарение на батерија од 111 kWh.

Генералниот директор на групата, Херберт Дис, вели дека интензивното тестирање на I.D. Neo започнало во септември оваа година, а најевтиниот модел во понудата ќе чини како голф со дизел мотор.

Со оглед на тоа што се знае за концептот, I.D. Neo треба да има околу 170 КС и 300 Nm. Базичната батерија е 48 kWh и овозможува 330 km автономија. Средната варијанта треба да има опсег до 450 километри.

Volkswagen, исто така, ќе обезбеди капацитет за полнење до 125 kW, што е за 5 kW подобро од станиците на Tesla.

Иако седаните во моментов не се популарни како моделите со повишен клиренс, „целосно електричниот седан ќе биде топ модел во семејството”, а на патиштата ќе пристигне најдоцна до крајот од  2022 година.