Volkswagen Group го претстави планот за производство на електрични автомобили во Европа
Еве од каде ќе доаѓаат EV моделите на германскиот гигант
Volkswagen Group планира да составува електрични возила во повеќе од десет фабрики во Европа, а за сега се потврдени осум локации кои ќе се специјализираат за производство на овој тип на возила. Германците очекуваат дека веќе во 2026 година еден од четири продадени автомобили на Стариот континент ќе биде член на EV сегментот.
Потврдено е дека само во погоните во Долна Саксонија во Германија ќе се инвестираат 21 милијарда евра. Во фабриката во Хановер наскоро ќе се произведуваат само електрични автомобили, а оттаму ќе дојде и првиот производ од проектот Artemis на Audi, но и VW ID California. Тука ќе се создава и каросеријата за сè уште неименуваниот модел на Bentley.
Монтажата на моделите на Porsche базирани на платформата PPE ќе се одвива во Лајпциг, а покрај ID.3, во Волсбург ќе се најде и VW Trinity. Треба да има дополнително проширување на производствените капацитети, како и создавање на целосно нов центар за истражување и развој на електрични автомобили.
Групацијата Volkswagen има намера значително да го зголеми производството на батерии, електрични мотори и други компоненти во фабриките во Брауншвајг, Касел и Салцгитер. Фабриката во Некарсулм ќе ја составува следната генерација на моделот А6, додека Q8 e-tron на Audi ќе излеguva од производните линии во Брисел.
Германската компанија исто така потврди дека две локации во Шпанија исто така ќе бидат посветени на електрични возила. Тоа се погоните во Марторељ, од каде најверојатно ќе доаѓаат некои компактни EV модели и во Памплона, каде што треба да се произведуваат електричните модели од SUV сегментот.