Volkswagen го „соблече“ eGolf
Volkswagen одлучи да го соголи својот најпопуларен модел. Ама буквално
Капакот на моторот, страничните панели и ентериерот се само дел од она што во компанијата одлучиле да го тргнат од Golf. И тоа не било кој туку електричниот, а се со цел на заинтересираните да им ја покажат технологијата која стои под „кожата„ на ова возило.
Неговото име е сега eGon и ќе биде изложено во Хановер во месец јуни на Саемот за наука и технологија IdeenExpo.
Посетителите на тој начин ќе имаат увид во сите компоненти на електичниот Golf. Сите компоненти ќе добијат свои QR кодови, па така со нивно скенирање преку мобилна апликација ќе може да се добие целосен опис.