Не секогаш новите и посовремени решенија се најдобри…

Универзалната дигитализација ги направи копчињата во автомобилите непожелни. Производителите почнаа да се натпреваруваат со бројот и големината на екраните, а класичните копчиња беа заменети со екрани на допир. Некои отидоа чекор подалеку и ги отстранија класичните контроли за вентилација, а со тоа дополнително ја искомплицираа работата.

И додека некои ги враќаат екстерните контроли за климата, и во Volkswagen признаваат дека екраните на допир не се семоќни. Ова лично го доживеале сопствениците на новиот Golf или ID.3. Затоа, како што најави Томас Шефер, првиот човек на марката, Volkswagen, меѓу другото, го враќа класичното копче на воланот.

„Го брусиме нашето портфолио и дизајн, плус создаваме нова едноставност во возењето на нашите возила. На пример, го враќаме воланот со копчиња! Ова е она што клиентите го бараат од VW”, вели меѓу другото Шафер на мрежата LinkedIn.

А првиот модел кој треба да добие класични копчиња на воланот е Golf. Станува збор за редизајн на осмата генерација на Golf, кој, според сите проценки, ќе добие волан со класично копче. Не е познато дали Volkswagen во Golf ќе се откаже од малку несмасниот „лизгач“ за контрола на температурата во кабината, кој не е ниту осветлен.