Volkswagen донесе одлука: ДОСТА Е!
Одлуката се однесува само на кросовер и SUV моделите, и по лансирање на се што може да се лансира, без разлика дали станува збор за големината, бројот на седиштата или типот на кровот
Последниве неколку години, Volkswagen толку многу ја прошири својата понуда на кросовер и SUV модели, што дури и најголемите фанови на марката веќе не се сигурни и не знаат што се се нуди на глобално ниво.
Сега конечно се гледа крајот на тоа. Барем така вели Френк Велч, првиот човек на Volkswagen во одделот за истражување и развој, кој за британскиот Autocar вели дека се близу до количината на SUV модели кои им се потребни.
„Не мислам дека растот на SUV сегментот заврши, туку нам ни е доста. Не ни требаат уште десет модели. Мореме да внимаваме. Мора да имаме гама која е ефикасна кога станува збор за количината на продажба. Ако имаме премногу модели и секој има продажба од 30.000 или 40.000 примероци годишно, нема да заработиме пари“, објаснува Велч.
Volkswagen во моментов во понуда има околу 30 модели, а според шефот на развојот на Volkswagen, некои модели ќе бидат постепено укинати. Засега знаеме дека на листата за отстрел се Sharan и помалиот Touran, а drugite кандидати се непознати за јавноста. Во секој случај, гамата сигурно нема да расте во иднина, барем не значително.