Пошироката примена на самовозечките автомобили не е само прашање на законска регулатива и достапната технологија, туку и чувството на задоволство при возењето

Освен чувството на непријатност поради неможноста да се контролира ситуацијата, а честопати како резултат на недовербата кон автономниот возен систем, возењето во автономни контролни возила лесно може да ја зголеми веројатноста за појава на мачнина во стомакот кај некои патници. Во Volkswagen веруваат дека мачнината ќе биде почест случај кај самовозечките отколку кај автомобилите со возач. А бидејќи кај самовозечките возила сите се во улога на патници, мачнината може да биде уште почеста.

Токму затоа компанијата започнала со истражување во Германија во која сака да најде најдобро решение за овој потенцијално голем проблем. А за да успеат во тоа, прво треба да ги натераат своите тест-возачи и патници да им се слоши во текот на возењето. Патниците се опремени со голем број сензори за мерење на бројни на параметри потребни за воспоставување врска помеѓу индивидуалните ефекти.

Во пракса, како пример, ова значи дека волонтер во Audi A4 се вози на совозачкото седиште. А4 користи адаптивна контрола на патувањето и постојано го следи движењето на Passat во непријатен режим на движење тргни-застани. Совозачот во Audi притоа гледа видео на таблет, што исто така го зголемува ризикот од мачнина. И сето тоа зачинето со мирис на бор.

Верувале или не, околу една третина од патниците се подложни на гадење, но експертите на Volkswagen сметаат дека можат да предизвикаат гадење кај сите. Не баш интересно, но се со цел побрзо доаѓање до решение.

Volkswagen е во потрага по решение, а како што сега стојат работите, најверојатно ќе стане збор за цела низа на нови технологии кои ќе функционираат заедно. Така, се споменуваат подвижна седишта кои со движење го поништуваат забрзувањето како последица на возењето, без разлика дали тоа е вртење, сопирање или забрзување. Исто така, од помош може да биде и ЛЕД осветлување каде што црвеното светло би значело сопирање, а зеленото забрзување, но во Volkswagen велат дека има и други технологии кои сè уште не се подготвени за сериска инсталација.

Како потсетување, Volkswagen не е прв кој се обидува да ги реши проблемите со мачнината при возење. Во Jaguar исто така се обидуваат да најдат алгоритам за подесување на седиштaтa, суспензијата и аудио составот, со што би се намалиле шансите да им се слоши на патниците. Со истражување има започнато и Uber.