Електричниот минибус бесплатно ќе ги транспортира патниците во источниот дел на Виена

Во Виена се одржа првиот тест на автобус без возач, кој треба да ги превезува патниците од источниот дел од градот следната година. Ова возење е реализирано по три месеци интензивна подготовка во рамките на програмите „Мобилност на иднината“ и „auto.Bus“, со поддршка на Министерството за транспорт на Австрија.

Два автобуси без возачи за прв пат поминаа низ улиците на Виена превезувајќи ги воодушевените патници на рута долга околу 2 километри – од крајната станица на метрото U2 до Технолошкиот центар Асперн и назад.

До крајот на 2018 година автобусите ќе бидат темелно тестирани за да на почетокот од следната година, оваа линија почне редовно да превезува патници. До тогаш ќе биде позната и точната маршрута.

На линијата ќе има фиксни станици, а сите возења ќе бидат надгледувани од контролор. Минибусот, покрај контролорот, ќе може да превезува уште 11 патници. Ако поради временски или технички проблеми возилата неможе да сообраќаат, на линијата нема да има други возила за да ги заменат.

Минибусот, кој ќе сообраќа на улиците на Виена, е со симетричен облик. Се произведува од страна на француската компанија Navia и веќе се користи во Лас Вегас. Контролорот не може да управува со возилото, бидејќи нема волан или педала за сопирачките. Возилото користи GPS и бројни електронски сензори за движење. Максималната брзина е 45 km/h, но обично се движи со околу 25 километри на час.

Возењето во автобус без возач ќе биде слободно, а во моментов поради законски причини не е дозволено во вакви автобуси превоз на деца или инвалидизирани лица. Се наведува дека автобусот ќе има „комуникација“ со семафорите.

„Автономното возење е голем тренд, кој има потенцијал да го промени градовите и да ги направи одржливи. Како градско сообраќајно претпријатие, ние ќе бидеме меѓу првите во тоа“, го изразува своето задоволство директорот на транспортната компанија Wiener Linien, Гинтер Штајнбауер.

Со технолошките иновации кои што се планирани, овој проект треба да овозможи чекор напред кога станува збор за автобуски линии со самовозечки линии.