
Во Шведска замрзнатите патишта се чистат со помош на возачите
Досега во пилот-програмата на властите се вклучени 900 автомобили
Властите во Шведска вовеле необичен начин за борба против замрзнатите патишта. За таа цел, тие користат податоци од 900 приватни автомобили. Нивните електронски системи ги „бележат“ местата со формиран мраз на патот, а информациите ги преземаат релевантните оддели, кои потоа плаќаат тим за чистење на проблематичната област.
Со цел процесот да биде поефективен колку што е можно, дури и се планираат маршрутите по кои минуваат автомобилите. Специјалистите се интересираат за податоците од системот за стабилност, како и од системот за сопирање. Сите информации се анонимни во управувањето со транспортот.
Како што известува локалниот SVT канал, властите досега користеле помош од 900 возилам, а досега со на овој начин се обележани 100 милиони точки на патиштата. Ова сеопфатно следење им помага на патните служби ефикасно да ги очистат областите.
„Современите автомобили се огромни компјутери со сензори. Со собирање на податоци од системот за стабилност и од системот за сопирање на возилото, лесно е да се добијат информации за состојбата на патот. Воедно овој начин им помага на луѓето кои треба да патуваат низ овие места“, вели Олаф Јохансон, шеф на програмата.