Јануарскиот снег во Македонија веќе и да го нема, освен на повисоките места, но од Америка во текот на изминатата недела постојано доаѓаа вести за екстремно ниски температури и снег кои го зафатија регионот на релација Чикаго – Милвоки. Ништо подобра не беше ситуацијата ниту на северот од државата

Сепак, постојат многу луѓе кои се израдувале на овие услови како и на шансата да се позанимаваат со нивните моќни теренци на нерамни терени покриени со длабок слој од снег.

Видео клипот кој беше објавен деновиве покажува „коктел“ од исклучително интересни секвенци во кои ние може да се видат снежните авантури на многу американски модели, главно од сегментот на пикап камионети, меѓу кои и неколку европски.

Американските бои ги бранат неизбежната Ford F-серија, Dodge Ram, Chevrolet Silverado, Hummer … Од друга страна, пак, своите вештини ги покажуваат импресивната G-класа (од кои една верзија е 6 × 6), Volkswagen Touareg, Range Rover Sport и некаде во оваа приказна заскитаните Audi SQ7, BMW X5M и BMW X6.

Погледнете и сами!

https://youtu.be/tXTpU_3KcnE