Германскиот производител на спортски автомобили Porsche размислува да влезе во Formula 1 од 2021 година

Дека во Штутгарт, сериозно се размислува за ваква можност, укажува и неодамнешниот обид на Porsche да го собори рекордот на патеката Спа Франкошам во Белгија со модифициран болид од серијата Ле Ман.

Porsche во Formula 1 би требало да влезе по воведувањето на новите правила за погонските агрегати, односно употреба на 1.6-литарски V6 турбо хибридни единици.

„Porsche размислува да влезе во Formula 1 од 2021 година. Тие само чекаат да се воведат новите правила за мотори, кои ќе бидат објавени во мај, а потоа ќе одлучат“, вели директорот на тимот на Porsche во DTM шампионатот, Герхард Бергер.

Ова со воодушевување го прифаќа спортскиот директор на Formula 1, Рос Брон.

„Секако дека ние сакаме големи имиња како Porsche во Formula 1, затоа и создаваме услови за тоа“, вели Брон.