Идните електрични автомобили ќе бидат еколошки поподобни. Проценките велат дека во 2040 година ќе бидат најмалку 30, а најмногу 70 проценти попогодни за животната средина

До ваков заклучок дошле членовите на истражувачкиот тим од институтот Paul Scherrer од Швајцарија, универзитетот Leiden во Холандија и агенцијата PBL Netherlands Environmental извршувајќи процена на животниот циклус (LCA – Life Cycle Assessment).

Оваа нова студија вклучува фактори како што се промени во начинот на возење, благодарение на автономните дигитално поврзани возила, како и промени во електричниот сектор.

Идните електрични автомобили би требало да имаат 20 отсто помало негативно влијание врз животната средина во однос на актуелните, благодарение на напредната технологија, а во зависност од други фактори, севкупното подобрување ќе биде помеѓу 30 и 70 проценти.

„Идното влијание на возилата со погон на батерии на екологијата е многу важно, со оглед дека се очекува да доминираат во транспортните системи на иднината. Претходните студии укажуваа дека овие влијанија се прилично неизвесни, а детална анализа за оваа несигурност сеуште недостасува. Ние со ова помагаме да се пополни оваа празнина. Прво, ги вклучивме промените поврзани со обрасците поради воведувањето на автономни, дигитално поврзани возила. Како второ, детално ги вклучивме резултатите од сценариото од IMAGE интегриралниот модел на проценка во нашата база на податоци поврзани со животниот циклус, со цел да се вклучат факторите на промена на електричниот сектор на оптеретувањето кое животната средина ќе го има поради производството на електрична енергија и идните електрични возила. Се очекува дека идните електрични автомобили ќе имаат 45 до 78 проценти намалено негативно влијание врз животната средина во споредба со сегашните модели. Електрична енергија која се користи за полнење е најголемиот фактор на варијабилност во резултатите, иако големината на возилото, неговиот животен век, обрасците на возење, како и големината на батеријата, исто така, значително придонесуваат за варијабилноста. Ние, исто така, покажуваме дека е императив да се разгледаат промени во електричниот сектор при пресметување на повратното влијание на електричните автомобили, бидејќи без тоа, резултатите би можеле да бидат преценети до 75 проценти“.