Во ова француско градче, ќе се возат исклучиво електрични автомобили
Жителите на Апи, еден од најоддалечените градови во францускиот регион Ariège, преоѓаат на електрична мобилност со помош на Renault Zoe, EV модели кои на жителите ќе им бидат дадени на користење на три години
За да докаже дека секој може да се префрли на електрична мобилност, Renault, во соработка со компанијата Publicis, решил да го претстави првиот француски град во кој се возат само електрични возила. Станува збор за градот Апи, каде во текот на следните три години, жителите ќе возат со новиот електричен Renault ZOE и ќе ги споделат своите впечатоци.
Доколку жителите на Апи, едно од најоддалечените места во регионот, можат да се префрлат на електрични возила, тоа ќе го можат и другите, се вели во соопштението на Renault.
Електричните возила не се резервирани само за големите градови – благодарение на постојаната мрежа на станици за полнење тие сега можат да се возат на кое било место. Renault е еден од лидерите во овој растечки пазар во последните осум години, за што сведочи и фактот дека од Renault Zoe, најпродаваниот електричен модел, досега се продадени повеќе од 100.000 единици.
Компанијата ќе ги следи корисниците и ќе им го олесни преминувањето кон целосно електрична мобилност. Со овој план, Renault себеси си поставува вистински предизвик: да ги помести границите и да ги разбие предрасудите за електричната мобилност. Жителите на Апи на тој начин ќе станат случајни амбасадори на електричната мобилност кои треба да докажат дека префрлањето е лесно и дека не го прави животот комплициран.