Оддавајќи му почит на легендарниот модел DBR1, победник на трката 24 часа Ле Ман во 1959 година, Aston Martin својот егзотичен V12 Speedster ќе го претстави ив во ексклузивно DBR1 издание

Aston Martin V12 Speedster е еден од најочекуваните егзотични автомобили оваа година, кој, според најавите, ќе биде произведен во ограничена серија од само 88 примероци, што го прави колекционерски примерок уште од самиот почеток.

Но, тоа не е сè. Aston Martin објави дека гореспоменатиот V12 Speedster ќе биде достапен и во опционален пакет DBR1 кој директно му оддава почит на легендарниот тркачки модел од 1959 година со кој оваа престижна британска марка го освои Ле Ман.

V12 Speedster на тој начин ќе доаѓа во традиционална Racing Green зелена боја и бели кругови (кругови) на страните и на „хаубата“, на кои обично се поставува стартниот број. Покрај сребрената предна маска, интересно е што кожните седишта ќе бидат двобојни – во комбинација од зелена и кафеава боја, исто како и кај оригиналниот DBR1.

Покрај големите 21-инчни тркала во сатенска црна боја, треба да се напомене дека целиот пакет вклучува и кацига за возачот и совозачот, исто така во Racing Green зелена боја, со сребрени детали. 

Да потсетиме, V12 Speedster се придвижува со 5.2-литарски V12 twin-turbo кој ослободува нешто повеќе од 700 „коњски сили“. Цената на „обичниот“ модел ќе започнува од 880.000 евра, додека сумата за DBR1 изданието ќе биде објавена подоцна оваа година.

Loading...

4Anime persona 4 the animation online: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 24 (https://4anime.biz/m/pxay/ep-24)

AniWatch aniwatch: Watch Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 12 (https://aniwatch.pro/m/6g6N/ep-12)