За оние кои се грижат за квалитетот на гумите, а пред се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, пролетните температури се јасен показател дека е дојдено време за замена на зимските со летни гуми

И покрај фактот дека законските регулативи не го бараат тоа, веќе има многу причини за замена: освен подобрата управливост и „прилепување“ за асфалтот што го дозволуваат летните гуми, соединението од кое се направени е такво што може да издржи многу високи температури на воздухот и потопол асфалт. Од друга страна, комбинацијата за зимски гуми е таква што високите температури трајно ќе ги оштетат.

Зимските гуми се изработени од високо-технолошки соединенија кои се дизајнирани да постигнат одлични перформанси при ниски температури. Затоа, високите температури имаат многу неповолен ефект врз помеките соединенија од кои се направени овие пневматици, а тоа се рефлектира во значително поголемо трошење на профилот на газниот слој, каде што по продолжената употреба во текот на летната сезона, материјалот почнува да се кине, и тоа поединечни делови на профилните блокови, што дополнително го намалува работниот век на гумите. Како резултат, гумата е потешко управлива, не лежи добро на подлогата, па затоа е јасно зошто не се препорачува возење со зимски гуми во текот на летната сезона.

Покрај сето горенаведено, многу е важно да се следат надворешните температури и да се препознае кога е вистинското време да се заменат.

Границата на надворешната температура што ги одделува зимските и летните услови е околу 7 степени cелзиусови. Кога температурата почнува да се зголемува на крајот на зимата, перформансите на зимските гуми почнуваат да ја губат важноста. Сепак, многу малку возачи се свесни за фактот дека надворешната температура не ја претставува температурата на подлогата, а токму температурата на таа површина игра важна улога во лежењето на гумите. 

Советите доаѓаат директно од производителот на гуми Continental.