Работниците на Audi во Германија постигнаа договор за зголемување на платите, така што е прекинатиот штрајкот кој започна минатиот четврток, кој ја парализираше фабриката во Ѓер и како последица имаше прекин на производството во Инголштат

Во штрајкот беа вклучени илјадници работници, што доведе до суспензија на производството во фабриката во Ѓер, каде што се произведуваат А3 седан, кабриолетверзии, ТТ Coupe и Q3.

Штрајкот во Унгарија директно влијаеше и на запирање на производството во Инголштад, поради недостатокот на клучни компоненти кои се произведуваат од Ѓер. Во Инголштат се произведуваат моделите A3, A4, A5 и Q2.

За иницијалната штета предизвикана од штрајкот на вработените, засега нема информации. Од друга страна, договорот вклучува зголемување од 18 проценти или минимум 75.000 форинти (235 евра) месечно за 2019 година, објавија од синдикатот.

Фабриката на Audi во Унгарија имала нето годишни приходи од 7,23 милијарди евра во 2017 година, што е околу 12 проценти од глобалниот приход на брендот со четири прстени.