Внимание ако возите низ Хрватска – почнува да се снима!
Со инсталирање на нови камери за детекција на брзо возење по автопатиштата, Хрватска сака да им застане на пат на непочитувачите на сообраќајните прописи
Камерите ќе ги снимаат и регистарските таблички на автомобилите, па на оние кои не ја почитувале патната сигнализација, казната ќе им стигне на домашна адреса. Вакви камери ќе бидат поставени и на места каде што се изведуваат одредени работи на патот, како и на места каде што се најчести сообраќајните несреќи поради неприлагодена брзина.
Според постојниот план, како што пишува изданието „Утрински лист“, воведувањето на континуиран автоматски надзор на брзината на автопатиштата низ Хрватска се планира во периодот од 2020 до 2023 година, Иако „Хрватски автопатишта“ тврдат дека инсталирањето на видео надзор кое ќе ја мери просечната брзина на возила е од образовен и предупредувачки карактер на одредени локации.