Tesla на интернет ja повлече од понуда основната верзија на Model 3, кој чини 35.000 долари

Ценовно прифатливиот Model 3 е заменет со верзија Standard Range Plus цена од 39.500 долари.

Промената е направена поради зголемената популарност на вториот модел, иако пред само седум недели Tesla овозможи купување на најевтината верзија од 35.000 долари.

Пакетот Standard Range Plus доаѓа со Patrial Premium Interior подобрен интериер кој вклучува нов аудио систем, 12 нивоа на положба на предните седишта, подобрен трим и LED предни светла за магла. Автопилотот сега е стандарден дел од опремата во целата гама на Tesla.

Model 3 во пакетот Standard Range Plus има автономија од 386 километри, со максимална брзина од 225 km/h и забрзување од 0-100 km/h за 5,3 секунди.

Интересно, за оние кои сепак сакаата да платат колку за најефтиниот модел, Tesla нуди намалување на перформансите на Model 3 за 10% преку специјален софтвер, намалувајќи ги горе наведените бројки на 354 километри автономија, максимална брзина од 210 km/h и забрзување за 5,6 секунди.

Ова лимитирање значи и пристап само до одредени системи, како на пример, сателитска навигација, моментална ситуација во сообраќајот, греење на седиштата… Како што споменавме ова лимитирање значи 4.500 долари помалку или цена на чинење на основниот најевтин модел.

Loading...