42-то издание на трката би требало да стртува од Ријад

Маратонскaта офроуд рели трка рели Дакар, од 2020 година се сели на територијата на Саудиска Арабија, а договорот за организација на трката е потпишан за период од 5 години. Информацијата сеуште не е официјално потврдена од АСО (Amaury Sport Organisation), организаторот на трката.

Поради политички проблеми и небезбеден терен во Африка, трката во 2008 година беше откажана, а од 2009-та до оваа година релито се одржуваше во Јужна Америка. Во почетокот, релито Дакар во Јужна Америка беше одличен успех – неколку држави конкурираа која да обезбеди повеќе фази, бидејќи трката привлекува милиони фанови. Сепак, поради финансиски проблеми на земјите, оваа година сите маршрути на релито се возеа на територијата на Перу откако Чиле, Еквадор и Боливија не успеаја да се договорат со ASO, а Аргентина отпадна уште пред неколку години.

Победникот на последното 41-то издание на познатото рели, Насер Ал-Атијах, по потекло од Катар, изјави дека сите учесници ја сакаат трката во Јужна Америка, но верува дека сите учесници многу брзо ќе се прилагодат на новите патишта и предизвици кои ќе бидат понудени.

Следното издание на трката се очекува да започне од главниот град Ријад и целосно да се вози на територијата на Саудиска Арабија. Според некои извештаи, во следните трки се олекува влез со одредени маршрути и на Оман, Јордан, па дури и дури Египет.