Весела математика или реалност. Електричните автомобили се „поголеми загадувачи“ од дизелот?!
Tesla Model 3 испорачува 42 грама на километар повеќе CO2 отколку Mercedes C-Class 220d
Компаративна студија на автомобилите од средната класа, Tesla Model 3 и Mercedes C-Class 220d, покажала дека првиот модел емитува повеќе јаглерод диоксид во атмосферата од вториот со дизел мотор. Ова е заклучокот на научниците од истражувачката група CESifo на Институтот за економски истражувања во Минхен.
И покрај широкото мислење дека масовното воведување на електрични возила ќе биде безбедно за животната средина, се испоставува дека еден електромобил произведува 25% повеќе штетни гасови во споредба со автомобил управуван од дизел мотор. Така на пример, Mercedes C-Class 220 d зрачи 117 грама CO2 на еден километар, а Tesla Model 3 – 159 грама.
Сигурно се прашувате како. Студијата нагласува дека екстракцијата и обработката на литиум потребни за производство на батерии, исто така, бараат големо количество на енергија. Батерија со капацитет од 75 kWh испорачува 10-14.000 килограми јаглерод диоксид. Според научниците, земајќи ги во предвид 10-годишниот живот на батеријата и просечната годишна километража на електричен автомобил од 15.000 километри, за која е правена пресметка, се исфрлаат 73-98 грама на јаглерод диоксид на 1 километар.
Експертите, исто така, посочуваат алтернативен начин за развој на зелен транспорт: моторен погон на метан. Според научниците, овие автомобили испуштаат една третина помалку штетни материи во атмосферата од дизел моторите.