Разликата во заработката помеѓу шефот и работниците во Tesla е најголемa од сите американски компании

Tesla е американска компанија со најшокирачка разлика во платата споредбено помеѓу извршниот директор и еден работник, цитира Bloomberg, повикувајќи се на информации од американската комисија SEC. За 2018 година, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, заработил 40.668 пати повеќе од просечниот работник на компанијата. Според истиот извор, овој сооднос кај големите американски компании е едвај 254: 1.

Илон Маск исполнил две од 16-те цели поставени во неговиот договор со Tesla, а резултат на тоа е над 2 милијарди долари во 2018 година во неговиот џеб.

Од оваа година SEC за првпат ги обврзува компаниите кои тргуваат на берза да обезбедат информации за платите на шефовите, вклучувајќи бонуси и други компензации.

За 2018 година, Маск добил вкупно 2,28 милијарди долари, главно во форма на акции. Всушност, извршниот директор на Tesla е под 37.000 долари годишна плата, и дури и не ги ни реализирал своите чекови последниве години. Од друга страна, сепак, има фиксна бонус шема за постигнување на одредени производствени и финансиски цели. Досега, компанијата исполнила само 2 од 16 цели, но тоа било доволно за награда од повеќе милијарди долари. Другата причина за шокантниот јаз во заработката помеѓу Маск и работниците е тоа дека во фабриките на Tesla нема синдикати, а работниците се доста пониско платени од другите во автоиндустријата.

За споредба, милијардерот Ворен Бафет, на пример, заработил само седум пати повеќе од просечниот вработен во неговиот фонд Berkshire Hathaway. Богатството на Бафет доаѓа од лични хартии од вредност со кои тргува на берзата, а платата и бонусите од компанијата се скоро симболични.

Марк Цукерберг добива само 1 долар плата од Facebook, но затоа добил 8,85 милиони долари по други основи. Просечната плата на вработен во Facebook е 240.000 долари годишно, така што соодносот кај Цукерберг е само 37: 1.