Верстапен: Не размислувам за намерно удирање во Хамилтон
Макс Верстапен сака чиста борба до крајот на сезоната
Сезонава веќе се случи се и сешто меѓу двата главни ривали за титулата. Имаше неколку инциденти, а Mercedes и Red Bull постојано долеваат масло на огнот со своите изјави.
„Отсекогаш сум бил неутрален. Ниту премногу позитивен, ниту негативен. Не обрнувам премногу внимание на она што се зборува и пишува, а ме интересираат други работи во животот“, вели Верстапен.
Тој уште еднаш беше запрашан дали искуството и титулите на Хамилтон би можеле да имаат клучна улога во финишот на шампионатот, но Холанѓанецот останува на својот став:
„Не верувам дека тоа ќе игра голема улога и дека ќе направи разлика. Не ни размислувам за сценарио каде еден од нас би можел да го сруши другиот. Не ме интересира тоа“.
Верстапен додава дека не размислува премногу за сценариото според кое би ја обезбедил титулата овој викенд на трката за ГН на Саудиска Арабаија, бидејќи за такво нешто би било неопходно Хамилтон има лош резултат.