Mобилностa во Сибир ja носат користени јапонски автомобили за кои веројатно никогаш не сте слушнале, но за тоа има причина

Не е лесно да се биде возач во Јакутија, Таимир и Чукотка, го започнува својот текст Ана Сорокина на порталот Russia Beyond, кој е многу интересен бидејќи детално објаснува кои марки на автомобили и зошто токму тие најмногу се користат во источна Русија. каде зимските температури достигнуваат до минус 50 степени.

Кога не е поинаку, човекот треба да се прилагоди на дадените услови, па затоа избира и технологии кои се доволно издржливи за транспорт на најниски можни температури.

Жителите на места како Јакутија, Норијск и Воркута, но и западните градови како Новосибирск или Иркутск го живеат својот автомобилски живот како ниеден друг возач во светот.

Јакутија, на пример, е најголемиот и најстуден регион во Русија, со температури до минус 70 Целзиусови степени во зима забележани на две места – Ојмјакон и Верхојанск и минус 50 во Јакутск, главниот град на регионот.

Ако сте се запрашале што најмногу се вози таму поради ледените зимски услови и протоа помисливте на големи SUV модели, теренци или возила со повеќе од четири тркала, се лажете!

На патиштата во најисточните руски региони ќе видите претежно јапонски, главно постари модели типични за јапонскиот пазар со волан од десната страна. 

Причина? Јапонија е блиску, па истокот на Русија се снабдува со половни автомобили од таа земја најмногу преку пристаништето Владивосток, каде пристигнуваат голем број бродови со илјадници користени автомобили од сите возрасти, а цените се многу прифатливи. Тоа што воланот е десно, а не лево, нема никаква врска со тоа и не е пречка за регистрација.

Кои модели се најпопуларни открива порталот Drom кој составил листа на најпродавани автомобили во Јакутија. Анализиран е пазарот од 2015 до 2020 година. Анализата покажала дека во текот на целиот период првите пет места ги заземале различни модели на јапонската марка Тоyота со волан од десната страна, додека во западните региони на Русија традиционално најдобро се продавала домашната Lada.

Така, во 2020 година на прво место e малата Toyota Vitz (кај нас Yaris), а на второто Toyota Fielder (кај нas Corolla). По нив следат седаните Toyota Allion и Premio и миниванот Toyota Ipsum. Сите овие модели на Toyota се покажале добри во зимски услови и не трошат многу, што е многу важно, бидејќи многу возачи во Јакутија не го гасат моторот понекогаш и по неколку недели, за да не замрзне автомобилот.

Некои сопственици последователно инсталираат Webasto во своите автомобили, кој ги загрева моторот и внатрешноста на автомобилот, така што животот на минус 50 е поподнослив …

Испитувајќи го моделот на автомобилот, на пример, во Норилск (северен Краснојарски крај), каде теренот не само што е ладен и многу негостопримлив, Тoyota е убедливо најзастапена, со теренецот Land Cruiser.

Следува руската Lada (најчесто новиот модел на Vesta), па Kia Rio, Hyundai Solaris и Nissan X-trail. Во Чукотка сликата на возниот парк е приближно иста.

Но, не се возат само јапонски автомобили, има и многу кинески, а руската гордост на северот на Русија ја брани теренецот UAZ Patriot, потоа легендарниот минибус или комбе UAZ-452 (2206 „Buhanka“), кој без промени се произведува времето на Советскиот Сојуз.

Го користат службите за брза помош, полиција, превозници на долги релации, превозници на товар, приватни лица и компании. Речиси сите се прилагодени на екстремни зимски услови и нема конкуренција во однос на цената.

Популарно е и поголемото комбе или пикапот GAZ „Sobolj“, кој исто така често го користат владините служби и превозниците, како и теренецот UAZ-469 или „Hunter“, кој се произведува непроменет 51 година и е многу популарен.

Она што е еднакво на сите автомобили во Сибир е горивото. Тоа е исклучиво бензинот поради познатиот проблем со замрзнување на дизелот при ниски температури. Во исто време, полнењето гориво и вклучен мотор со денови не е проблем бидејќи, особено во наши услови, литар гориво е навистина евтино, околу 32 денари.

animes online. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

watch anime free AniWatch One Piece

watch anime free AniWatch Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

AniWatch JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 33

watch subbed anime Pokémon Journeys: The Series

AniWatch Attack on Titan (Dub) Episode 22