На глобално ниво, очигледна е иницијативата за преминување од конвенционален на електричен погон

Дека сè оди со прилично брзо темпо докажува и извештајот за продажбата на чисто електрични автомобили која во 2021 година забележала раст од 26 отсто во споредба со една година претходно. Во превод, 6,4 милиони електрични автомобили се продадени на глобално ниво Но додека некои производители како Lotus или Renault ветија дека ќе станат чисто електрични во следната деценија, BMW се чини не ја завршил својата приказна со термичките мотори.

Директорот на развојниот сектор на баварската марка, Франк Вебер, ова го потврдува во интервју дадено за Auto Motor und Sport. Според Вебер, германската компанија „работи на нова генерација мотори, вклучувајќи 6-цилиндерски и 8-цилиндерски бензински и дизел мотори“.

За ефикасно намалување на глобалните емисии, вели Вебер, на BMW ќе му треба „ремек-дело“ од мотор во следните неколку години. Ова ќе биде целта и на идните новоразвиени фабрики, за кои се вели дека се технолошки подготвени за идните стандарди за емисии.

„Само со 6-цилиндерски мотор, ги намалуваме емисиите на јаглерод диоксид во поголема мера отколку што беше случај со некоја промена на генерациите“, додава Вебер. Тој исто така вели дека регулативите за емисиите стануваат стандардизирани ширум светот, што дефинитивно ќе му помогне на моделот на BMW.

„Со цел да ги усогласиме барањата поврзани со емисиите од една страна и барањата за перформанси од друга страна, го разгледавме целиот циклус и во неговите рамки најдовме ветувачки пристап“, вели Вебер.

Тој исто така вели дека „новите мотори не се како ништо претходно“. Ќе има нешто сосема ново во однос во однос на главите на моторот, што ќе придонесе за ефикасност. Тој смета дека севкупното намалување на емисиите на CO2 е „клучно во борбата против климатските промени“, без разлика дали се работи за електрични или мотори со внатрешно согорување. На крајот, она што го бараат клиентите е исто толку важно како и целта за намалување на емисиите, заклучува Вебер.

https://tai.go88.is/

SUNWIN - Game bài đổi thưởng top đầu năm 2022 sunwindow can tho Game bài đổi thưởng Sunwin đẳng cấp