Едно лице загинало, а најмалку 17 се повредени во голем верижен судир во Јапонија

Скоро 134 возила учествуваа во судир на автопат во северна Јапонија, при снежна бура и услови на слаба видливост. Во возилата кои се судриле имало околу 200 лица, што довело до затворање на автопатот кон јапонската префектура Мијаги, објави тамошната Агенција за управување со пожари и несреќи.

Јапонскиот јавен сервис NHK објави дека на екипите им биле потребни осум часа да ги отстранат последиците од мега судирот.

Според официјалните лица, сè започнало кога камион удрил во патнички автомобил, по што дошло до верижен судир на дел од автопатот во должина од еден километар. Покрај едно мртво лице, Агенцијата за катастрофи објави дека се повредени уште 17 лица, од кои двајца потешко. За време на несреќата, на патиштата било во сила ограничување на брзината од 50 km/h, поради слабата видливост и снежното невреме.

Во последните седмици во делови од северна Јапонија паѓа обилен снег.

https://youtu.be/xvo66oTiFrA