На европско тло, минатата година е забележан голем пад на продажбата

Се разбира, сето тоа е последица на пандемијата со коронавирус што го разори Стариот континент. Првичното масовно затворање на населението во скоро цела Европа доведе до целосно запирање на продажбата на нови возила. Првата половина на 2020 година беше особено тешка за автомобилската индустрија, додека во втората половина на годината можеше да се забележи одреден напредок.

Значи, во текот на претходната година на територијата на ЕУ + ЕФТА, продадени се 11.961.182 автомобили. Ова е 24,3% понизок резултат од постигнатиот во 2019 година, кога биле испорачани повеќе од 15,8 милиони возила.

Кога станува збор за најпопуларната марка во Европа, нема изненадување ниту минатата година, бидејќи Volkswagen повторно беше убедлив со 1.346.999 регистрации. Далеку повеќе од второпласираниот Renault со испорачани 819.009 автомобили. Сепак, и лидерите имаат сериозен пад на продажбата од 24,5% односно 22,9%.

Вториот француски производител, Peugeot, е на високата трета позиција. Во текот на 2020 година, Peugeot стигнал до 741.498 клиенти (-23,2%). На четвртата позиција е Mercedes со 738.236 испорачани единици (-17,2%) пред неговиот вечен ривал од Германија – BMW. Баварците продале 674.654 автомобили во 2020 година, со пад од 18,8% споредено со 2019 година.

Колку е длабока кризата на европскиот пазар, покажува и фактот дека ниту еден од 30-те најпопуларни брендови не постигнал раст на продажбата, а само една марка (Porsche) забележала пад на продажбата за помалку од 10%.

Во продолжение листата на 30 најпродавани производители на автомобили во Европа за претходната година:

РЕДОСЛЕД БРЕНД 2020. 2019. +/-
1. VOLKSWAGEN 1,346,999 1,769,482 -24.5
2. RENAULT 819,009 1,063,957 -22.9
3. PEUGEOT 741,498 964,937 -23.2
4. MERCEDES 738,236 902,039 -17.3
5. BMW 674,654 830,862 -18.8
6. FORD 654,729 965,070 -31.7
7. TOYOTA 648,275 741,342 -12.7
8. ŠKODA 643,019 761,761 -15.7
9. AUDI 600,470 743,042 -19.2
10. FIAT 492,101 659,622 -25.4
11. OPEL/VAUXHALL 485,778 815,683 -40.4
12. CITROEN 448,352 636,843 -29.6
13. HYUNDAI 424,805 563,018 -24.5
14. KIA 416,715 502,841 -17.1
15. DACIA 405,472 581,543 -30.2
16. SEAT 370,928 507,149 -26.9
17. NISSAN 290,343 394,091 -26.5
18. VOLVO 286,841 342,579 -15.6
19. MINI 172,827 217,185 -20.4
20. MAZDA 149,418 256,562 -41.7
21. JEEP 124,315 167,118 -25.6
22. LAND ROVER 112,776 151,800 -25.7
23. MITSUBISHI 103,411 148,248 -30.2
24. HONDA 80,699 122,080 -33.9
25. PORSCHE 73,546 79,624 -7.6
26. LEXUS 47,018 56,055 -16.4
27. JAGUAR 46,647 76,826 -39.3
28. LANCIA/CHRYSLER 43,109 58,938 -26.9
29. DS 43,028 49,795 -13.4
30. ALFA ROMEO 36,526 53,876 -32.2