Велигденска честитка од РКЕ: од ноќеска на полноќ нова цена на дизелот!
Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 20.04.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.04.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 82,50 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,599 ден/кг.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.04.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 84,50 ден/лит.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,086% или за 0,900 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 0,807% или за 9,150 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,890 % или за 9,800 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,031% или за 0,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,9175 ден/$ и е за околу 0,065 % повисок од курсот на доларот (56,8807 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.