Како сцена со специјални ефекти

Проблемот со возилата што секојдневно ги гледаме во сообраќајот е фактот што имаат компоненти кои се запаливи. Кај електричните автомобили ова се првенствено батериите, а кај бензинците и дизелите горивото. Слично е и со гасот.

Видео од автобус во Италија, од околината на Перуџа, покажува што може да се случи кога ќе дојде до дефект во системот за компримиран природен гас (CNG). Станува збор за автобус Irisbus Iveco Citiclas, кој има резервоар за CNG на покривот.

Вакви пожари се ретки, но се случуваат… За среќа, нема повредени.