Валтери Ботaс во Mercedes и следната сезона!
На официјалната веб-страница на Formula 1 тимот на Mercedes објавија дека ја прошириле соработката со Валтери Ботас за уште една сезона
Ова ќе биде петта сезона на Ботас во Mercedes. Тој се приклучи на тимот во 2017 година и досега има постигнато осум победи, 12 пол-позиции и 39 од неговите 48 подиуми.
Валтери Ботас беше еден од клучните фактори за обезбедување на конструкторските титули од 2017 година до денес. Минатата сезона во конкуренција на возачи заврши како втор зад неговиот тимски колега Луис Хамилтон , а во моментов е втор во рангирањето зад Хамилтон.
„Среќен сум што останувам со Mercedes и во 2021 година и да продолжиме да градиме успеси како и сите претходни сезони. Благодарам на сите во Mercedes, како и на тимските партнери што веруваат во мене и продолжуваат да ме поддржуваат. Горд сум што и понатаму ќе ја претставувам оваа одлична екипа и следната сезона“, вели Валтери Ботас и додава:
„Уште од детството, откако се за заљубив во Formula 1, сонував да станам светски шампион. За шампионската титула се борам оваа година, а останувањето во тимот за следната година ми дава можност да се борам за титулата и во 2021 година. Во моментов сме во средината на оваа скратена сезона. Сакам да го дадам максимумот на секоја трка на која се натпреварувам. Пукнатата гума во последната трка беше голема несреќа и ми ја отежна борбата за титулата со Луис, но ќе се вратам посилен овој викенд на истата патека “, рече Ботас.
Изјава даде и тимскиот шеф Тото Волф.
„Возбудени сме што Валтери ќе остане во тимот уште една сезона. Од сезона во сезона, Валтери е се појак, како во однос на перформансите, така и ментално и физички. Тој во моментов е втор на шампионатот, беше второпласиран и минатата година, а неговиот придонес за тимот е огромен. Убеден сум дека ја имаме најсилната возачка постава на гридот и продолжувањето на договорот за уште една сезона гарантира дека сè уште имаме најсилна постава. Валтери е директен човек, работи напорно и има одличен однос со целиот тим и неговиот тимски колега, што е реткост затоа што обајцата се борат за титулата. Со нетрпение ја чекам 2021 година и уште посилен Валтери“, вели Волф.