Валентино Роси официјално беше претставен како нов возач на тимот на Petronas, сателтискиот тим на Yamaha, на онлајн ивент преку Интернет, заедно со неговиот тимски колега, Френк Морбидели.

Единствениот возач на постариот модел со А спецификации, Морбидели навистина уживаше минатата сезона. Италијанецот стигна до првата пол позиција, до подиумот и до првата победа (вкупно три). Во 2020 година заврши на второто место во генералниот пласман.

Бидејќи поранешниот тимски колега на Морбидели, Фабио Квартараро се пресели во фабричкиот тим на Yamaha, Роси, на кој му истече договорот со фабричкиот тим на Yamaha, se preseli vo Petronas менувајќи ги местата со Французинот.

Ова е прво менување на клубкста средина за Роси откако се врати во Yamaha од тимот на Ducati, во 2013 година. Во исто време, за прв пат по две децении, тој е во еден сателитски тим.

„Ова е ново искуство и со нетрпение го чекам почеток на сезоната“, вели Роси. „Ми се допаѓаат новите бои на моторите, кацигите и комбинезоните. Сакам да бидам конкурентен, да се борам за подиумот и да победувам на трки. Сите сме многу фокусирани на нашите цели и сакаме што подобар резултат. Мислам дека Франко и јас сме многу интересен пар возачи, затоа што се знаеме многу добро. Целиот тим има многу мотивација и секако ќе го дадам мојот максимум за заедно да постигнеме врвни резултати. Подготвени сме за нов почеток“.

„Докторот“ е на еднаго освои својот 199-ти Мото ГП минатата сезона, за да биде само еден круг од јубилејниот 200 на Мизан.Сепак, поради кошмарната серија падови, а подоцна и од инфекција со вирусот корона, тој заврши на далечното петнаесетто место.

Додека Роси ќе продолжи да се натпреварува на машина со фабрички спецификации за оваа година, како и Квартараро и Вињалес, Морбидели ќе остане на мотоцикл со спецификација А.

„Очекувам и се надевам дека ова ќе биде одлична сезона за Вале и за мене. Имаме силна врска многу години и ќе научиме многу еден од друг“, вели Морбидели.

Роси ќе дебитира за Petronas на официјалниот тест во Катар на 6 март.

Petronas го реши недоразбирањето со Yamaha

Petronas Yamaha имаше фантастична 2020 година. Фабио Квартараро беше еден од кандидатите за титула во втората година за малезискиот сателитски тим во MotoGp шампионатот. Сепак, кон крајот на сезоната, Petronas Yamaha имаше несогласувања со фабриката од Јапонија, кои сега се решени, вели шефот на тимот, Раслан Разали.

Фабио Квартараро имаше многу проблеми на последните трки и заврши само како осми во генералниот пласман. Франко Морбидели успеа да се искачи на второто место зад Жоан Мир, а сето тоа направи несогласувања, па дури и наводна расправија помеѓу Petronas и фабричкиот тим.

„Разговаравме за тоа на брифингот на крајот од сезоната со Yamaha. Потоа, исто така, ни дадоа предлог за соработка во следните пет години. Рековме дека се чувствуваме како да сме само клиент кој плаќа, а не партнер. Чувствувавме дека сакаме повеќе. Бевме многу лути затоа што загубивме титулата и во двете конкуренции. Се чини дека бевме позагрижени од нив“, вели првиот човек на Petronas Yamaha, Разлан Разали.

Тој така потврди дека соработката не била најсреќна, но вели дека има основа за продолжување на соработката и во 2022 година, како и после тоа.