Вака изгледа новата Škoda Fabia во основната верзија / ФОТО
Škoda Fabia во Франција има почетна цена од 16.730 евра
Чешкиот производител започна да прима нарачки за својот новитет во земјата на Галите, а првите примероци ќе бидат испорачани во октомври. Основната варијанта на Fabia доаѓа со 1.0-литарски атмосферски 3-цилиндерски бензинец, поврзан со 5-степен мануелен менувач и испорачува 65 КС.
Оваа верзија доаѓа во сина боја, додека за сите други бои потребна е доплата. Забележлив е и недостатокот на „светла за магла“, додека позитивно изненадување се капаците на ретровизорите, како и рачките во иста боја како и телото. Fabia Active, како што гласи официјалното име за оваа варијанта, користи челични тркала од 15 инчи со украсни фелни.
Внатрешноста е дефинитивно монотона и сива. Пред возачот е волан со два крака, без никакви копчиња и прекинувачи, како и традиционална аналогна табла со инструменти, каде што е поставен мал дисплеј.
На врвот на централната конзола е поставен екран од 6,5 инчи, преку кој се контролира инфо-забавниот систем. Škoda наведува дека како стандардна опрема доаѓа мануелна климатизација, темпомат, Bluetooth конекција за мобилен телефон, два USB приклучоци, електрично прилагодливи ретровизори со грејачи и AEB, потоа систем за одржување на возилото во лента…
За сите други попрестижни „опции“, потребно е дополнително да се плати или да се избере еден од повисоките пакети на опрема. Интересно, моторот со четири цилиндри 1.5 TSI сеуште не е достапен во Франција. Најмоќниот мотор моментално достапен на пазарот е 1.0 TSI со 110 КС, а најевтината Fabia со тој погон чини 20.670 евра…