Вака би можел да изгледа италијанскиот конкурент на Panamera / ФОТО
Во моментов на пазарот е присутна само една марка, која претходно произведуваше само спортски автомобили, а сега нуди и спортска лимузина. Се разбира, станува збор за Porsche и моделот Panamera
И Aston Martin проба нешто слично во минатото, но моделот Rapide веќе не е во понуда. Засега првиот чекор кон проширување на понудата кај ваквите производители е производството на теренци.
Lamborghini, Aston Martin, Porsche и Maserati веќе го прават тоа. Наскоро ќе им се придружи и Ferrari со долгоочекуваниот Purosangue.
А како би изгледало едно Ferrari во лимузинска каросерија?
Тоа решил да го провери графичкиот дизајнер sugardesign_1. Според него, моделот Roma најмногу би одговарал на ваква „пренамена“, па затоа својата визија ја заснова токму на овој модел. Мора да се признае дека остава одличен впечаток и мислиме дека би бил доста популарен.