Наместо класични такси возила во одредени делови на Дубаи на пократки дестинации патниците ќе се превезуваат со автономни такси возила

Добро е познато колку Дубаи вложува и експериментира со многу нови и напредни технологии – само минатата година претставија робот кој ќе патролира по улиците на градот, летечко такси односно автономни беспилотни летала кои работат на принцип сличен на Uber, дигитални регистерски таблички, и понатаму ја развиваат идејата за Hyperloop…

Новитетот, како што е наведено во официјалното соопштение за печат од градот, придонесува за трансформирање на Дубаи во „најпаметен град во светот“. Станува збор за автономен такси сервис кој веќе е започнат со работа или тестирање во текот на следните три месеци во одредени делови од градот.

Сепак, не треба да се очекува сервис како оној што го нуди WAYMO кој во САД има дозвола за целосно автономно возење, туку станува збор за услуга со која патниците не се превезуваат до далечни дестинации, туку, на пример, од постојните јавни транспортни станици до трговски центри, кина и слично.

Овие дестинации се мали, а брзината на возилото ќе биде околу 30 km/h. Со такси возилата целосно управува компјутер, но сепак од предната страна, ќе има човек кои, ако затреба, ќе ја поправи грешката на компјутерот. Во промотивните материјали за оваа услуга се напоменува дека такси возилата лесно може да ја работат својата работа без човечка помош и присуството на возач за безбедност. Ако тестот се покаже како успешен, тоа најверојатно ќе биде следниот чекор за автономните такси возила во Дубаи.

Флотата на автономни такси вклучува обработени модели на Mercedes опремени со камери, сензори и LIDAR системи.