Најновиот Chevrolet Corvette C8 веројатно е толку пожелен што некои се подготвени да направат се, па макар и за едно „кругче“ во околината

Шега настрана, ова е веројатно најлошиот кошмар на еден дилер на автомобили. Додека автомобилот го на заинтересиран клиент по тест возењето, клиентот одлучил да остане во автомобилот, ја заклучил вратата, додал гас и „штрафта“. На сето тоа сведочел колегата кој го снимил видеото.

Добрата вест е дека автомобилот брзо бил вратен во изложбениот салон на Chevrolet во Вирџинија. Имено, непослушниот „купувач“ се повозел низ неколку населби, а потоа се откажал, оставајќи го автомобилот покрај патот. Други извори велат дека тој бил запрен од полицијата по неколку блокади.

Corvette C8 е еден од најбараните нови автомобили на американскиот пазар. И покрај високата цена, листата на чекање е се подолга и се бара секоја можност да се поседува автомобилот.