Oфицијално е потврдено дека Александар Албон ќе биде наследникот на Џорџ Расел во Williams, а интересно е тоа што дека Red Bull мораl да се откаже од договорот со нивниот возач за да му обезбеди место на гридот во следната сезона

Александар Албон во Formula 1 e две сезони. Во првата половина од првата горина возеше за Toro Rosso, потоа се пресели во Red Bull и помина една и пол сезона во тој тим. Сепак, управата на Red Bull минатата година не беше задоволна од резултатите на нивниот втор возач и наместо него беше доведен Серхио Перез.

Така Тајланѓанецот загуби една сезона активно натпреварување во Formula 1, a во Red Bull служеше како тест и резервен возач, учествувајќи дополнително во DTM серијата. Поканата за враќање во Red Bull не дочека, иако Хелмут Марко и Кристијан Хорнер сакаа да го вратат Албон во Formula 1.

Се шпекулираше за интересот на Williams и Alfa Romeo. Поверојатна опција беше Williams, но одредена пречка беше фактот дека Албон се уште е под договор со Red Bull, а Williams е тим кој тесно соработува со Mercedes и користи мотори на Mercedes.

Запрашан за статусот на Албон и неговата врска со Red Bull, тимскиот шеф на Williams, Јост Капито вели: „Она што можам да ви го кажам е дека Албон ќе стане возач на Williams во 2022 година, без разлика како вие тоа го толкувате. Можеби треба да го прашате Red Bull, но за нас тој е возачот на Williams и тоа е тоа“.

Тото Волф од Mercedes претходно изјави дека нема пречки за соработка со Албон, доколку биде ослободен од договорот со Red Bull, и тоа очигледно се случило.

„Го отпуштивме Алекс за да стане возач на Williams Racing во 2022 година, но задржуваме врска со него која вклучува одредени опции за во иднина“, се вели во соопштението на Red Bull Racing.

Возачката постава на Williams следната сезона ќе ја сочинуваат Албон и Латифи. Заедно со Албон, како опција за Williams, често се споменуваше и Ник де Врис, актуелниот шампион во Formula Е и возач под договор со Mercedes. Капито вели дека Волф ја разбира одлуката на Williams за возачката постава за следната сезона.

„Мислам дека Тото разбира дека ние не сме Б тим, ниту сателитска екипа. Мораме да носиме одлуки кои се добри за нас, а Тото го почитува тоа. Исто така, тој е многу свесен за тоа какви способности има Алекс и е на мислење дека заслужува место во Formula 1. Значи, тој не поддржува“, вели Капито.

Откако Williams го објави возачкиот состав за следната сезона, останува само уште едно отворено прашање. Кој ќе биде тимски колега на Валтери Ботас во Alfa Romeo.