Црни прогнози: Цените на батериите ќе поскапат за 22 отсто и ќе ги поскапат електричните автомобили?!
Цените на литиум-јонските батерии во последната деценија забележаа пад, но овој тренд нема да продолжи поради големата побарувачка
Според прилог на американскиот CNBC, E Source проценува дека „цените на батериите ќе се зголемат за 22% од 2023 до 2026 година, достигнувајќи го врвот од 138 американски долари за kWh“. Ако таа прогноза се оствари, тоа би било значително зголемување бидејќи батериите во моментов чинат околу 128 долари за kWh денес.
Иако овие бројки изгледаат релативно мали, треба да се има на ум дека многу електрични возила користат батерии со капацитет помеѓу 60-100 kWh. Како резултат на тоа, зголемувањата на цените се собираат брзо, што значи дека EV моделите продадени во 2026 година би можеле да чинат дополнителни 1.500-3.000 долари, според проценките на компанијата.
Цените се очекува да растат поради различни фактори, вклучувајќи ја зголемената побарувачка и ограничената понуда на литиум. Ова веќе предизвика скок на цените на литиумот за речиси 900% во последната година и половина, но како што забележува E Source, грешката е во претпоставката дека „пазарите на капитал ќе ја отворат вратата за воспоставување на десетици нови проекти за ископување литиум“.
Наместо тоа, инвестициите се во мали количини, а повеќето доаѓаат од Кина за кинескиот синџир на снабдување.
„Иако зголемувањето на цените никогаш не е добредојдено, E Source верува дека работите ќе се подобрат на крајот. Тие очекуваат цените да почнат да паѓаат во 2027 година и да продолжат да опаѓаат до 2031 година, кога тие би можеле да паднат на 90 долари за kWh“.