Целосно легално: Во Фуншал, Португалија, можете да се возите по надолнина на кауч! / ВИДЕО
Познати како „carros de cestos“, се започнало со колички како начин за пренос на огревно дрво од околните ридови во овој приморски град.
Каучот е добар изум. Удобно, практично и приспособливо, може да се користи како место за седење, место за спиење – па дури и како вид на транспорт ако сте во Португалија.
Во Фуншал, главниот град на Мадеира, туристите можат да се провозат по еден од најголемите ридови во градот на плетен кауч прицврстен на две скии, слични на санки, контролиран од два крупни локалци.
Познати како carros de cestos (во превод „кошница“), се започнало со колички како начин за пренос на огревно дрво од околните ридови во овој приморски град. Потоа количките се прилагодени на туристите – нешто како гондолите во Венеција, само пострашно.
Во неодамна објавено видео, јутјуберот Том Скот одлучил да дознае какво е возењето во Фуншал во седиштето на „carro de cestos“. Иако тој признава дека снимката не делува толку интензивно како возењето на тобоган, искуството е доста возбудливо.
Каучот може да се движи до 30 km/h благодарение на подмачканите водилки. Појаси за врзување нема, така што треба патникот навистина чврсто да се држи.
Дополнително, важно е да се напомене дека каучите не се ограничени само на специјализирана рута – „санкашите“ едноставно добро ја знаат рутата и сообраќајот мора да ги избегнува, иако има луѓе кои помагаат во контрола на сообраќајот на раскрсниците. Во меѓувреме, сопирањето го прават Мадеирците кои мораат да ги менуваат чевлите секој месец.