Најавено – реализирано. Премиера на целосно новата генерација на Range Rover Sport, која во 2024 година ќе добие целосно електрична верзија

Шест месеци по премиерата на новиот Range Rover, дојде време и за новиот Range Rover Sport. Нема големи промени во поглед на дизајнот, туку применета е еволуција на сегашните решенија, со инспирација од моделите Velar и Evoque. Сето ова збогатено со уште полуксузен ентериер и понапредна технологија, со 13.1-инчен екран на инфозабавниот систем Pivi Pro, 13.7-инчна дигитална инструмент табла, напреден систем за прочистување на воздухот, седишта за масажа, како и опционален аудио систем од 1.430 вати со 29 звучници.

Новиот Range Rover Sport ќе ја игра веројатно најзначајната улога во поддршката на Jaguar Land Rover (JLR) додека компанијата започнува со широка и брза програма за електрификација. Секоја година во последните пет години, сега веќе стариот модел го надминува стандардниот Range Rover за повеќе од 40%.

Луксузниот теренец со високи перформанси од третата генерација на Land Rover е најпосакуваниот, технолошки најнапредниот и најспособниот досега, комбинирајќи импозантно присуство на патот со инстинктивна реакција на возење користејќи ја најнапредната комбинација на технологија на шасија што некогаш била вградена во Land Rover.

Заснован на платформата MLA Flex, новиот Range Rover Sport ветува дека ќе биде многу попрефинет и подобар на патиштата.

„Револуционерната MLA-Flex архитектура на Land Rover и најновите системи на шасијата се комбинирани за да обезбедат највисоки нивоа на динамика што некогаш сме ги виделе во Range Rover Sport. Интегрираната контрола на шасијата управува со сеопфатен пакет иновации и координира сè, од најновиот систем на воздушно потпирање со променлива јачина до нашата електронска активна контрола на диференцијалот Dynamic Response Pro. Резултатот е најинтересниот и највозбудлив Range Rover Sport досега“, вели Ник Колинс, главен програмски директор на Jaguar Land Rover.

Треба да се спомене и дека меѓуоскиното растојание е подолго за 54 mm (сега 2977 mm), што ќе резултира со поголема удобност за патниците на задните седишта.

Во опсегот на мотори, се издвојува 4.4-литарскиот V8 бензинец од BMW со 530 КС (верзија P530), кој овозможува забрзување од 0 до 96 km/h за 4,3 секунди. Меѓу другото тука се и P510e и P440e Plug-in хибридните верзии, а двете имаат 6-цилиндерски 3.0-литарски Ingenium и 38,2 kWh батерии.

Range Rover Sport P440e во електричен режим може да помине 114 km, додека P510 до 113 km.

Ова е палетата на новиот Range Rover Sport за европскиот пазар:

  • P400 3.0 I6 turbo mild-hybrid, 400 КС i 550 Nm
  • P530 4.4 V8 turbo 530 КС и 750 Nm
  • P440e 3.0 I6 turbo PHEV, 440 КС и 620 Nm
  • P510e 3.0 I6 turbo PHEV, 510 КС и 700 Nm
  • D300 3.0 I6 дизел 300  КС и 650 Nm
  • D350 3.0 I6 дизел 350 КС и 700 Nm

Пакетот вклучува и 8-брзински ZF автоматски менувач и погон на сите тркала, а треба да се спомене и новиот систем за воздушно потпирање и управувањето на задните тркала.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1DrqDH_ObjYi0kiVMA4ZzARO4AAw_23of” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новиот Range Rover Sport веќе може да се нарача во Велика Британија, а цените таму започнуваат од 79.125 фунти.