Целосен крах на електрификацијата во Германија: се чини дека сонот од 15 милиони до 2030 година ќе остане само сон
Од 1-ви јануари оваа година се намалија државните субвенции за електрични возила, па се очекува дополнително забавување на продажбата
Пред една година Германија најави дека до 2030 година на патиштата ќе има 15 милиони електрични возила. Сепак, од денешна перспектива се чини дека од таа оптимистичката најава нема да има ништо.
Според германскиот институт за економски истражувања, чии податоци ги пренесува Insideevs, на почетокот на оваа година на германските патишта биле регистрирани само еден милион целосно електрични автомобили.
Бидејќи веќе е прекршено ветувањето на поранешната канцеларка Ангела Меркел дека на германските патишта до 2020 година ќе сообраќаат милион електрични автомобили, се чини дека сонот од 15 милиони до 2030 година ќе остане само сон.
Основната пресметка вели дека 145.000 нови целосно електрични автомобили ќе треба да се продаваат месечно за да се постигне таа цел. Но, реалноста е далеку од таа бројка.
Имено, само еднаш во историјата се регистрирани повеќе од 100 илјади од нив. Ова се случило минатиот декември кога е забележан рекорд од 104.000 продадении примероци и тоа е единствениот месец досега во кој е забележана шестцифрена бројка.
За побрза електрификација не помага ниту тоа што државните субвенции за електрични возила од 1 јануари се намалени од 6.000 на 4.500 евра, поради што се очекува дополнително забавување на продажбата.
Неодамна германската влада ја критикуваше и Фердинанд Дуденхофер, професор во Центарот за автомобилски истражувања во Дуизбург, кој во изјава за Politico тврди дека целта на сојузната влада од 15 милиони нема да биде постигната, ниту блиску.
„Само со многу среќа целта ќе биде само делумно остварена. Станува збор за максимум седум милиони електрични автомобили. Со лошите насоки за финансирање на електричните автомобили (укинување на субвенциите), високите цени на струјата и поскапувањето на батериите, предвидувам дека пазарот на електрични возила во Германија ќе пропадне во следните неколку години“, заклучува Дуденхофер.