Трка во забрзување: Може ли Bugatti Chiron да му се спротивстави на Red Bull F1 болид? / ВИДЕО
Bugatti Chiron е полн со модерна технологија, но во исто време и верен на конвенционалните погонски решенија.
Тој е еден од последните претставници на старата гарда, која полека но сигурно своето место го отстапува на електричните наследници.
Срцетп на овој Bugatti Chiron е 8-литарски 16-цилиндерски бензинец, кој произведува дури 1.500 коњски сили и 1.600 Nm. Моќта на сите четири тркала се превесува со автоматски менувач.
Противник во оваа трка за забрзување е Formula 1 болидот на Red Bull Racing, но не овогодинешната шампионска верзија, туку еден од постарите модели.
Може ли Bugatti Chiron да му се спротивстави на Red Bull F1 болид? Погледнете и самите.