Formula 1 објави интересно видео во кое се рангирани најдобрите десет претекнувања во сезоната зад нас.

Изборот во видеото е направен врз основа на анкета меѓу фановите на социјалната мрежа Twitter, вклучувајќи маневри на Шарл Леклер, Јуки Цунода, Николас Латифи, Ландо Норис и други.

По крајно драматичната последна трка од сезоната во Абу Даби, Formula 1 шампион стана Макс Верстапен (Red Bull Racing Honda), кој успеа да собере вкупно 395,5 поени и зад себе да го остави Луис Хамилтон (Mercedes) со 387,5 поени.