Трка над трките за забрзување на 400 метри

Ретко можеме да видиме Formula 1 болид во трка за забрзување покрај сериски модел. Bugatti Chiron е врвен хиперавтомобил и една од најбрзите машини во светот. Може ли да се справи со врвниот тркачки едносед?

Иако на прв поглед сè изгледа едноставно и предвидливо, не е така. Chiron може да достигне скоро 440 km/h, иако за такво нешто му треба одредено растојание. Од друга страна, шампионскиот болид од 2011 година, Red Bull RB7, е машина за почит, во овој случај напојувана од атмосферски 2.4-литарски V8.

Станува збор за 750 КС кои се испраќаат на сите тркала, а она што може да има клучна улога е тежината на автомобилот од само 650 килограми. Chiron, како што е познато, има моќен 8.0-литарски W16 под хаубата, кој испорачува двојно повеќе „коњи“ од Red Bull, но исто така е многу пати потежок (1.995 килограми), што значи дека има и полош сооднос моќ – маса. Сепак, Chiron има погон на сите тркала, а има и систем за контрола за брз старт. Сепак, дали тоа е доволно за да се победи еден Formula 1?

Она што е исто така важно во овој случај е тоа не можете било кого да ставите зад воланот на RB7, бидејќи повеќето луѓе не би можеле ни да го стартуваат, така што во игра е Дејвид Култхард, што потенцијално ги менува работите.

Неколку стартови, различни резултати. Какви? Сместете се удобно и уживајте во приложеното видео.