На оние кои ги следат сите збиднувања во автомобилската индустрија им е познато дека последната реорганизација на групацијата Renault создаде целина составена од Lada и Dacia, a Мајлс Нирнберг, поранешниот шеф за дизајн во Aston Martin, ќе го предводи одделот за дизајн на овие нискобуџетни брендови

Претходните 13 години Нирнберг ги помина во британскиот производител на луксузни автомобили. Пред тоа, тој работел во Lincoln од 2000 до 2003 година, а потоа и во француските брендови Citroen и Peugeot.

Мајлс Нирнбергер најмногу работеше на дизајнот на надворешноста на неколку возила на Aston Martin. Првенствено SUV моделот DBX и концептот Lagonda. Покрај тоа, во неговото портфолио се вклучени и DB11, како и V12 Speedster базиран на моделот Vantage.

Наскоро веќе поранешниот менаџер на Aston Martin ќе го предводи одделот за дизајн на Dacia и Lada, поточно од 1 јули. Dacia остана без директор за дизајн откако Алехандро Месонеро-Романос реши да ја напушти таа позиција и да се пресели во Alfa Romeo.

Една од првите задачи на Нирнберг ќе биде адаптирање на концептот Bigster за сериско производство. Овој модел треба да се најде на пазарот во 2025 година.

Од друга страна, Мајлс Нирнберг треба да доведе до целосна промена во визуелниот идентитет на Lada и освежување на целото портфолио. Еден од најголемите предизвици се смета за создавање на нова генерација на Niva, која треба да биде фундаментално нов модел.